3. КОНТРАЦЕПЦИЈА
Cover Image

Image tooltip text
Важно е да нагласите дека момчето и девојката може да имаат секс, а девојката сепак да не остане бремена. При воведување на поимот „кондом“, доколку истиот е тежок за изговарање, тогаш можете истовремено да го користите и терминот „гумичка“. Користете ги и двата поими истовремено. На тој начин, доколку поимот „кондом“ не може да го изговори Вашето дете/ученик/роднина/корисник, сепак ќе го асоцира со поимот „гумичка“. Доколку во местото каде живее Вашето дете/ученик/роднина/корисник се користат други синоними за кондом, освен наведените, споменете ги и нив.