27. Родови улоги

Submitted by anikolovska on

Што:

Приказната „Родови улоги“ нуди информации за очекувањата на општеството за начинот на кој ние се однесуваме, зборуваме, облекуваме врз основа на нашиот пол. Во таа насока претставени се основните видови на стреотипи за родовите улоги:

- особини на личноста (женските се емотивни, а машките не);

- обврски во домот (женските се грижат за децата и чистат, а машките одат на работа, се грижат за колата, поправаат апарати и сл.);

- професии (женските се наставнички, медицински сестри и слично, а машките се пилоти, пожарникари, лекари и сл.);

- надворешниот изглед (женските имаат долга коса и носат фустани/сукњи во светли бои, а машките имаат кратка коса и носат панатлони во темни бои).

Зошто е важно:

Обезбедувањето на информации од областа на родови улоги е важно од аспект на прифаќање на различностите и обезбедување на услови за Вашето дете/ученик/роднина/корисник да се оформи во личност која тој/таа сака да биде, без оглед на стреотипите за родовите улоги. Затоа е важно да ја изразат својата уникатност и емоции, без ограничувања од средината, преку поделба на машки и женски „работи“.

Кога е соодветно да се обработува приказната?

Децата веќе на двегодишна возраст го разбираат концептот за машко и женско, односно препознаваат самите дали се машко или женско. Сепак, стереотипите за родовите улоги почнуваат да ги разбираат околу петтата и шестата година, кога всушност и нивната игра е насочена кон деца од истиот пол. Приказната може да се обработува во текот на пубертетот, но активностите за намалување на стереотипите можете да ги почнете многу порано со Вашето дете/ученик/роднина/корисник, преку нудење на можности за играње со сите играчки, без нивна поделба на „машки“ и „женски“, носење на облека во сите бои, без нивна поделба на „машки“ и „женски“, дозволете емотивно изразување, без етикети „машките не плачат“, поттикнувајте го Вашето дете/ученик/роднина/корисник да има машки и женски другарчиња, не давајте комплимент на женско, што не би го дале на машко и др.

SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Icon
Родови улоги
SRH Module Profile
Country
Age Group