Имајќи предвид дека термините „хетеросексуална, хетеросексуалец, хетеросексуалка“ се апстрактни поими и ретко се користат, не настојувајте истите да бидат правилно изговорени или меморирани од страна на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка. Употребувајте ги без очекувања дека истите ќе бидат научени. Она што е важно да се потенцира од илустрацијата е дека машко и женско може да имаат сексуална врска.
Ако женско сака да има сексуална врска со машко, тогаш таа е хетеросексуалка.
Нивната сексуална врска е хетеросексуална врска.
Ако машко сака да има сексуална врска со женско, тогаш тој е хетеросексуалец.
Нивната сексуална врска е хетеросексуална врска.
Тоа е во ред.
Objective
Knowledge
Тематска област
Вредности, права, култура и сексуалност
Country
MKD
No
Cover Image
/sites/default/files/2025-05/2_2.jpg