Image tooltip text
Од особено значење е Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да знае дека сексуалниот однос може да се случи само со согласност од двете страни. Во спротивно истото претставува сексуална злоупотреба. Затоа е важно да се претстави оваа можна ситуација, за да истата биде препознаена доколку се случи. Опишете ја лицевата експресија (збунета, изненадена, лута и сл.) и поставеноста на телото (згрчена, се обидува да се одбрани и сл.) и нагласете дека токму од лицето и телото се гледа дека на девојката и е непријатно.