11 и помали

Делови на тело

Submitted by tstankova on
Image tooltip text
При набројување на членовите на семејството или најблиското опкружување, при објаснување дека сите луѓе имаат тело, вклучете членовите кои се дел од семејството или најблиското опкружување на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, кои не се наброени. За децата/лицата кои живеат во мали групни домови набројте ги луѓето кои се во нивно најблиско опкружување, односно вработените во домот. Доколку детето/лицето не ги користи термините жена/маж при обраќање на вработените, истите заменете ги со термини кои нему му се познати и ги употребува (тетка, чичко, личните имиња и сл.) Застанете заедно со него пред огледало и именувајте дека тоа што го гледа во огледало е неговото тело.