Image tooltip text
Набројте ги наставниците и наставничките кои Вашето дете/ученик/роднина/корисник ги има, доколку оди во училиште. Доколку посетува дневен центар наведете ги професионалците од центарот. Доколку Вашето дете/ученик/роднина/корисник е варботен терминот наставници и наставнички заменете го со колеги и колешки од работа. Нагласете дека е во ред да се праша за дозвола, пред да се гушне некој, бидејќи само така Вашето дете/ученик/роднина/корисник може да знае дали може да допре некој или не. Оваа ситуација можете да ја вежбате со Вашето дете/ученик/роднина/корисник преку игра на улоги, каде практично ќе ја претставите ситуацијата и прашањето кое треба да се постави.