Што:
Приказната „Сексуална ориентација “ нуди информации за видовите на сексуални врски кои може да се воспостават, како нераздвоен дел од сексуалноста.
Зошто е важно:
Запознавањето со различните видови на сексуална врски, односно сексуална ориентација е важно за секоја личност да може да ја препознае својата сексуална ориентација, но во истовреме и да се однесува со почит и достинство кон лицата кои имаат различна сексуална ориентација од неговата/нејзината.
Кога е соодветно да се обработува приказната?
Обезбедувањето на информации за различните видови на сексуални врски се препорачува да започне во текот на пубертетот на Вашето дете/ученик/роднина/корисник, согласно неговите/нејзините потреби и можности. Во текот на пубертетот осознаваме кој не привлекува сексуално и следствено постепено ја истражуваме нашата сексуалност. Спознавањето на себеси, од секаков аспект, меѓу кои и сексуалниот, претставува основа за себеприфаќање и развој на сопствените потенцијали.