- Во оваа приказна може да најдете информации за деловите на телото, нивната местоположба и правилна терминологија. Оваа тема е важна бидејќи влијае на развојот на личноста и можностите за организирање и извршување секојдневни активности. Всушност социјалниот живот на личноста почнува токму преку откривањето на сопственото тело во однос кон другите лица околку него/неа. Согласно годишната возраст, можностите и способностите на детето/лицето од особено значење е усвојувањето на правилна терминологија, односно соодветно именување на деловите на телото.
- Запознавањето на деловите на телото има круцијално значење при спроведување на сексуална едукација. Познавањето на деловите на телото претставува предуслов за сите приказни кои следуваат. Со познавањето на местоположбата на деловите на телото, нивната функција, како и нивното правилно именување Вашето дете/ученик/роднина/корисник ќе ги има основните предзнаења потребни за обработување на темите кои следуваат, како приватни делови на телото, зошто се носи облека, каде смее да се биде гол, пубертет итн.
SRH Module Pre Quiz
SRH Module Post Quiz
SRH Module Profile
Country
Age Group
Gender