Image tooltip text
Таблетата за итна контрацепција ја пие девојката. Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка важно е да потенцирате два аспекти: дека таа една таблета се пие само ако момчето и девојката не спречиле да се создаде бебе на некој од другите начини, опишани претходно (не користеле кондом, девојката не пиела таблети за контрацепција, немала ставено спирала или инекција за контрацепција). Другиот аспект е дека таблетата не треба да се пие често, бидејќи во неа има многу хормони, кои може да и наштетат на девојката. Затоа секој пат пред да ја пие таблетата девојката треба да разговара со доктор/докторка.