Врски

Navigating relationships with friends, family and partner

Thematic Area Description

Navigating relationships with friends, family and partner

Thematic Area Quiz Description
How well can you navigate relationships with friends, family and partner?

3. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (ја чеша главата, не се смее, не и е убаво и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (со раката се чеша на главата и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои некој друг дел од телото ја чеша Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (стомак, лице, нога, рака, задник, грб, врат и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога Вас нешто Ве чеша. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога неa нешто ја чеша. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

2. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија, претставена на илустрацијата, со зборови кои и се познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (има болка, не се смее, изгледа тажна и сл.). Дополнително опишете ја и поставеноста на телото (со рацете се држи за стомакот, свиткана е во грбот кон напред и сл.). Исто така можете да наведете и други ситуации во кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка почувствувала болка на друг дел на телото (заб, глава, нога, рака и сл.). Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога Вие чувствувате болка. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога него нешто ја боли. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

1. Што е непријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Поврзете го поимот неубаво/не ми е убаво со непријатно. Дополнете дека непријатно значи неубаво и обратно. Опишете ги лицевите експресии, претставени на илустрацијата, со зборови познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка (девојчето е тажно, исплашено, изгледа лута, загрижена, замислена и сл.). Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка застанете пред огледало и обидете се да ги демонстрирате експресиите прикажани на илустрацијата. Покажете и на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка како изгледа Вашето лице кога се чувствувате непријатно/неубаво. Потоа побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да покаже како изгледа нејзиното лице кога таа се чувствува непријатно/неубаво. Предложените активности изведувајте ги пред огледало.

10. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Заедно со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка набројте ги сите ситуации, претходно дискутирани, во кои таа се чувствува убаво/пријатно. Уште еднаш опишете ги лицевите експресии, со зборови познати на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка, (девојката е весела, среќна, задоволна,мирна, се смее и сл.) кои таа ги има додека ги изведува/практикува претходно набројаните активности. Уште еднаш нагласете дека убаво значи пријатно и обратно.

9. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога ја слуша нејзината омилена музика/песни/песна и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога ја слуша токму омилената музика/ песни/песна. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

8. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога ја јаде нејзината омилена храна и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога ја јаде токму омилената храна/омиленото јадење. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

7. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога гледа ТВ, односно нејзината омилена емисија, цртан филм, филм, фестивал и сл. и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога гледа ТВ. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

6. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојката претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога скока на топка или кога изведува некоја нејзина омилена физичка активност дома (скока, лази, игра, врти) во игротека (качување, лулање, скокање на трамбулина, протнува низ тунел) игралиште (лизгање, лулање, трчање, скокање,вртење) спорт (плива на базен, танцува во танцов клуб и др.) и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога ја изведува таа физичка активност. Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

5. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојчето претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога со нејзините родители се шета или со некоја друга блиска личност и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога со тие личности шета на различни места (парк, планина, кеј, плоштад и други места на кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка сака да се шета). Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.

4. Што е пријатно

Submitted by anikolovska on
Cover Image
Image tooltip text
Опишете ја лицевата експресија на девојчето претставена на илустрацијата. Побарајте од Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка да каже како таа се чувствува кога нејзините родители ја гушкаат, или некоја друга блиска личност и воедно да покаже каков израз на лицето има (како и изгледа лицето) кога тие личности ја гушкаат. Во согласност со можностите и способностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка можете и да ги дискутирате ситуациите во кои родителите ја гушкаат (Кога те гушкаат мама/тато? Дали ти е убаво/пријатно тогаш? и сл.). Предложените активности изведувајте ги пред огледало. Доколку сте во можност искористете природна ситуација кога опишаната активност Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ја практикува спонтано за да дискутирате како таа се чувствува.