21. Пред да допрам прашувам
Cover Image

Image tooltip text
Набројте ги наставниците и наставничките кои Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка ги има, доколку оди во училиште. Доколку посетува дневен центар наведете ги професионалците од центарот. Доколку Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка е варботена терминот наставници и наставнички заменете го со колеги и колешки од работа. Нагласете дека е во ред да се праша за дозвола, пред да се гушне некој, бидејќи само така Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да знае дали може да допре некој или не. Оваа ситуација можете да ја вежбате со Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка преку игра на улоги, каде практично ќе ја претставите ситуацијата и прашањето кое треба да се постави.