16. Видови врски
Cover Image

Image tooltip text
Согласно можностите на Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка дополнете и други ситуации во кои таа ги допира другарите и другарките (на пример: кога играат некоја игра, кога играат надвор или дома и сл.). Нагласете дека тоа се допири на рака, рамо, глава, грб кога се гушкаат и сл. Објаснете дека таа не смее да ги допира другарите и другарките на приватните делови. Дополнително наведете и ситуација каде Вашата ќерка/ученичка/роднина/корисничка може да ги бакне во образ другарите и другарките (честитање на роденден, кога одамна не се виделе, кога се радуваат заедно на некој успех и сл.)